Главниот и најистакнат предводник на ВМРО од 1911 до 1924, со сите свои противречности и негативности, e eдна од нaјвпечатливите фигури во македонското револуционерно ослободително движење воопшто.
Bo вpcка со неговиот придонес кон македонското национално дело, има десетици сведоштва и записи дека обичните четници во ВМРО автономистичка, потчинетите нему, но и воопшто македонскиот народ искрено го сметале Тодор Александров,
водачот на револуционерите за свој заштитник и посветен борец за независна македонска национална држава и херој на македонската нација. Co caмото тоа што пред нив себеси се претставувал како македонски националист, има одреден придонес кон македонското национално дело.
И странските весници така го претставувале пред Европа и светот. Во прилог на сето тоа оди и Мајскиот манифест од 1924 г.
Во однос на револуционерното дело… Бил многу солиден револуционерен тактичар и политичар.
Во однос на револуционерното дело… Бил многу солиден револуционерен тактичар и политичар.
…Но, историјата покажала дека Тодор Александров во најголем дел од својот живот всушност работел и се залагал за велико-бугарската идеја – припојување на Македонија кон бугарската држава и нација.
Да ги видиме фактите за животот и делото на оваа знаменита личност од македонската историја…
На денешната дата, 30 декември 1923 г. В.М.Р.О., на чело со Тодор Александров, потпишува:
„Проект за спогодба меѓу ВМРО и Руската Советска Република (Р.С.Р.)
„Проект за спогодба меѓу ВМРО и Руската Советска Република (Р.С.Р.)

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација којашто ги претставува Македонците што се борат за национално самоопределување, политичка слобода, самоуправување и најголема возможна социјална правда, има за цел:
Обединувањето на Македонија, распарчена меѓу Бугарија, Србија и Грција во 1913 г. по Букурешкиот мировен договор и по Нејскиот – во 1919 г., во една политичка единица,
којашто подоцна ќе биде рамноправен член на една Балканска Федерација или барем во својата прва етапа – на една Југословенска Федерација.
За постигнување на оваа своја цел В.М.Р.О. се потпира:
а) На своите борбени сили;
б) На една држава, какво и да биде нејзиното уредување, чиишто интереси се совпаѓаат со идеалите на В.М.Р.О. и
а) На своите борбени сили;
б) На една држава, какво и да биде нејзиното уредување, чиишто интереси се совпаѓаат со идеалите на В.М.Р.О. и
в) На сите општествени организации, коишто војуваат за национално самоопределување, човечки права и слободи и траен мир во светот.
Тргнувајќи од овие свои начела, В.М.Р.О., потпирајќи се на официјалните изјави на Руската Советска Република дека таа ќе содејствува за ослободување на угнетените народи, го прифаќа следниот споразум со Руската Советска Република:
1) В.М.Р.О. се задолжува да работи заедно со другите револуционерни организации на Балканот за федерирањето на балканските држави во нивните етнички граници, чиишто добро сфатени политички и економски интереси се совпаѓаат со тие на Р.С.Р.
2) Руската Советска Република ја признава В.М.Р.О. како единствен изразувач на суверената волја на Македонија.
3) В.М.Р.О. и Р.С.Р. контактираат преку свои редовни полномошници што ги имаат својствата на дипломатски и воени претставници.
3) В.М.Р.О. и Р.С.Р. контактираат преку свои редовни полномошници што ги имаат својствата на дипломатски и воени претставници.
4) Двете страни, запазувајќи ја својата самостојност во внатрешната и надворешната политика, можат да преземаат, со заедничка согласност и во зависност од политичките прилики, конкретни заеднички акции.
5) В.М.Р.О. со благодарност би ја примила материјалната, дипломатската и моралната поткрепа на Р.С.Р.
Чл[ен] на ЦК на ВМРО
(потпис) Т. Александров“
Чл[ен] на ЦК на ВМРО
(потпис) Т. Александров“
Објавено во:
Ленина И. Жила и Владо Поповски „Македонский вопрос в документах Коминтерна“, Том 1, Часть 1: 1923-1925, Ѓурѓа, Скопје, 1999, стр. 135-136.
Ленина И. Жила и Владо Поповски „Македонский вопрос в документах Коминтерна“, Том 1, Часть 1: 1923-1925, Ѓурѓа, Скопје, 1999, стр. 135-136.
Оваа спогодба е предвесник на фамозниот т.н. „Мајски Манифест“ од следната 1924 г. зад кој се обединиле сите македонски револуционери и дејци од т.н. „левица и десница“, по чиешто објавување набрзо беше запечатена судбината на Тодор Александров.

facebook.com/macedoniaendle…
Log in or sign up to view
See posts, photos and more on Facebook.
https://www.facebook.com/macedoniaendless/posts/7397946543564505?__cft__[0]=AZV5AOKvchdvKNDJSDCpHyDhkKfgYsrCCpmVmVHrgTZdgCUs2DFlMl_9Qzuz7z3viH0vU9FT89SXA6avf0N22G0Gaj0fbmZZgRe4tGwrKMDdmiljHKhWYK1mMbHCbQ2PjHRSTL-A5vTS0UOX_WPSRIQh&__tn__=%2CO%2CP-R